Sunday, April 13, 2008

Денови на Кариера : 2008 Агенда

Денови на кариера

Време

I ден

II ден

III ден

8 00 - 9 00


Подготовка на настанот


9 00 - 10 00


Официјално отварање

Интервјуа

10 00 - 11 00


Презентации на организациите

11 00 - 12 00


12 00 - 13 00


13 00 - 14 00


Презентации на студентите

14 00 - 15 00

Професионално CV

Претприемништво

15 00 - 16 00

Тимска работа

Официјално затворање

16 00 - 17 00

Мотивациско писмо

Вештини за продавање


17 00 - 18 00



18 00 - 19 00

Како на интервју за работа



19 00 - 20 00



Building Your Future : Career Days 2008 : LC Prilep














OUR PARTNERS:


Monday, January 21, 2008

An Introduction to Career Days 2008

Идеа на Проектот

Ние веруваме дека успешната реализација на овој проект ќе направи голема промена за студентите од нашиот Универзитит “Св. Климент Охридски” и бизнис секторот од регионов. Самото учество во овој проект од страна и на студентите и на организациите би резултирало со позитивни придобивки за двете страни.

Студентите и штотуку дипломиранте млади луѓе ќе имаат можност да стекнат вештини за развој на нивните кариери, а во исто време и да добијат информации за тоа што се бара од нив при нивното идно вработување. Организациите ќе имаат можност да се презентираат како општествено одговорни компании, а во исто време да добијат пристап до младите луѓе со голем потенцијал кои што можат во голема мера да придонесат за нивното успешно работење и иден развој.

Цели на Проектот

  • Развивање на свеста кај студентите дека праксата во некоја компанија за време на нивното студирање е непроценливо искуство.
  • Создавање на мрежа за поддршка на следната генерација на бизнис лидери во нашата земја, преку овозможување на студентите да добијат пристап до важни контакти и стручни предавања.
  • Преку можноста за средба и интеракција на студентите и компаниите, да обезбедиме решенија за нивна понатамошна соработка, од која и двете страни ќе имаат придобивки.
  • Да ги стимулираме компаниите да преземат поголема одговорност во развојот на нивниот иден кадар, а истовремено и самите студенти да преземат поголема одговорност во нивниот сопствен развој.
  • Проектот Денови на Кариера да прерасне во традиционален настан кој што ќе се организира секоја година за студентите и штотуку дипломираните од нашиот Универзитет.
  • Да ја претставиме нашата органзација – AIESEC како професионална организација која се грижи за откривање и развивање на потенцијалот на младите луѓе.

Како ќе изгледа Денови на Кариерата 2008?

Денови на кариера 2008 ќе се одржи во просториите на Економски Факултет– Прилеп во втората или третата недела на април, во зависност од другите активности на факултетот. Овој настан ќе биде во траење од три дена:

  • Прв ден: Едукативен дел. Учесниците ќе имаат можнст да стекнат вештини за пишување на CV, Мотивационо писмо, како да го продадат своето знаење и други вештини кои ќе им бидат неопходни за развој на нивната идна кариера.
  • Втор ден: Саемски дел каде што компаните ќе имаат можност да се презентираат пред учесниците на Денови на кариера, индивидуални презентации на студентите за своето знаење и вештини и индивидуални презентации на компаниите за тоа каков профил на кадар бараат и какви работни услови нудат.
  • Трет ден: Организаците имаат можност да изберат кандидати на кои што ќе можат да им вршат интервју и имаат можност да го пронајдат вистинскиот кадар што го бараат.